Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Јован Кировски

Јован Кировски е роден на 18 март 1976 во Калифорнија, САД. Тој е американски фудбалер од македонско потекло, кој моментално настапува за екипата на Колорадо Рапидс (од 2005 година), во најсилната американска фудбалска лига, познатата Мејџор лига. Кировски во својата богата интернационална кариера има настаоувано за следните екипи: Манчестер Јунајтед (во младинскитата екипа од 1993 – 1996); Борусија Дортмунд (1996 – 2000), беше член на шампионската генерација на Борусија во 1996 – 1997 година кога оваа екипа стана европски шампион; Спортинг Лисабон (2000 – 2001); Кристал Палас (2001 – 2002); Бирмингем Сити (2002 – 2004); Лос Анџелес Галакси (2004 – 2005). За националаната репрезентација на САД настапуваше од 1994 до 2004 година, со вкупно 62 настапи и 9 гола.