Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Блерим Џемаили

Блерим Џемаили е роден на 12 април 1986 година во Тетово, Република Македонија. Како многу мал ја напуштил Македонија, и се иселил во Швајцарија заедно со своето семејство. Фудбалската кариера ја започнал во младинските екипи на нисколигашите во Швајцарија. Неговиот талент веднаш е забележан, па така на 16 години потпишува за ФК Цирих, каде настапува од 2002 до 2007 година. Во последните две години, освои два трофеи со својот клуб. Во фебруари 2007 година, потпиша прелиминарен договор со Болтон, каде што ќе се приклучи ова лето. Има 7 настапи за швајцарската репрезентација.