Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Даниел Георгиевски

Даниел Георгиевски е  талентиран интернационален фудбалер, кој со гордост се декларира како Македонец.

Роден е на 17 Фебруари 1988 во Сиднеј. Потекнува од мајка штипјанка  и татко од Скопје кои  како млад брачен пар во 1985 година заминуваат за Сиднеј-Австралија  во потрага за подобра иднина.

 Даниел, е  одбрамбен играч  кој  игра со десната и со левата нога. и  уште  на девет годишна возраст го осознава својот  талент со аматерски статус, постапно од себе да создаде интернационален фудбалер.

Во својата кариера до 18 годишна возраст  игра за Blacktown City и Markoni од Сиднеј  во Нов Јужен Велс во  Премиер Лигата.

Во овој период постигнува 9 шампионски титули, 3 години е капитен на неговиот тим, а  во 2005 година е прогласен за најдобар играч на  школско првенство на Нов Јужен Велс.

Значаен  период во неговата биографија е март 2006 кога е избран во репрезентација на Македонија до 19 години и  игра  во квалификациите за Европското  првенство во Загреб-Хрватска. На овој натпревар  го постигнува  првиот гол за репрезентацијата на Македонија. Потоа во август преминува  да игра за јуниорите на Динамо Загреб  каде што моментално е со привремено живеалиште.

Како потврда за неговиот  патриотизам , кој корените на своите родители ги доживува како свои,  е тоа што оваа година во март настапи за репрезентацијата на Македонија под 21 години во два пријателски натпревари со Црна Гора и Албанија.

Сето тоа го чини Даниел Георгиевски, интернационален фудбалер со блескава кариера… И да не заборавиме уште да кажеме дека  се она што излегло од наши  пазуви …поголем дел од нив го сочинуваат  културно-образовното  и спортското милје  од  Македонија.

Летка Димовска Полизова