Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Горан Славковски

Горан Славковски, кој е еден од најталентираните напаѓачи во Европа на негова возраст, е роден во шведскиот град Скравлинге на 8 април 1989 година. Иако е роден во Шведска, Горан потекнува од скопското село Бразда, каде што живеело семејството Славковски пред да замине во скандинавската земја на печалба.

Рана кариера

Горан Славковски имал 33 настапи и 24 гола за младинските селекции на Шведска од каде што перманентно одлучил да се префрли за да ја репрезентира селекцијата на Македонија.

Уште како мал Славковски покажувал наклонетост за фудбал, па заминал да тренира во тимот на Балкан, во населбата Росенгард, во градот Малме. Талентот на Славковски го забележале од тимот на Малме, каде што Славковски играл во сезоната 2004/05.

По само една година во Малме, во 2005, Славковски потпишал договор со италијанскиот гигант Интер Милан. Во јануари 2007 за Славковски заинтересираност покажал и славниот Манчестер Јунајтед, па „нераѕурите“ веднаш му ја продолжиле обврската кон „нераѕурите“. Според актуелната спогодба, Горан ќе му остане верен на тимот од „Џузепе Меаца“ до јуни 2010 година.

Дебитирање

Иако имал само 17 години, Славковски веќе дебитирал за тимот на Интер. Во првенство, на 7 мај 2006, на мечот против Сиена, тренерот на Интер, Роберто Манчини, во 83. минута во игра го внесел Славковски. Тоа било првиот настап на Горан во Серија А лигата. Иако одиграл само 10-тина минути, со тој настап Славковски влегол во историјата на италијанскиот гигант како најмлад фудбалер што настапил за првиот тим на „нераѕурите“ во калчото. Горан тогаш имал само 17 години и еден месец. Претходниот рекорд бил во сопственост на Интеровата легенда Џузепе Бергоми

Цитат

„Моето име не е ниту Свенсон, ниту Ларсон и не сум сино-жолт. Моето име е Горан и моите родители се од Македонија. Моето срце е црвено-жолто и затоа ќе играм за Македонија“ - неодамна изјавил Славковски, откако во Милано го посети македонска делегација.