Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Владимир Ралев

\"\"

Владимир Ралев е роден во 1934 година во Гевгелија. Во своето родно место се стекнува со основно образование, а гимназија завршува во Велес. На универзитетот во Белград дипломира на историја на уметноста и археологија и во текот на своето натамошно школување завршил и висока школа за трговија.

Неговиот работен ангажман се одвива во повеќе земји во светот. Во сегашниот период тој живее и работи во Женева, Швајцарија.

Владимир Ралев спаѓа во редот на најголемите македонски бизнисмени во светот. Во 1980 ја отвори својата компанија Џора трејд која се занимава со производство, маркетинг и менаџмент.

Компанијата е еден од поголемите производители на памук и памучно предиво, платно, печатено платно, обоено платно и др. Во погоните на компанијата во Пакистан и Источна Африка се вработени над 200 работници, како и соодветен број на високо стручен кадар.

Напоредно со својот службен ангажман, Ралев на мошне широка основа во светот ја афирмира Македонија, нејзината историја, положбата и правата на Македонската правславна црква и сл.

Владимир Ралев е еден од најголемите македонски донатори и хуманист со широк опсег на дејствување, како во светот така и во рамките на Република Македонија, односно меѓу деловите на македонскиот народ што живеат во соседните земји. Неговите досегашни донациии на Република македонија изнесуваат повеќе стотици илјади евра, а значајни средства се издвојуваат за финансирање на активностите на национален и културен план кај македонците во соседните земји.