Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Миле Стерјовски

Миле Стерјовски е роден на 27 мај 1979 година во Австралија. Неговиот татко, Драги е роден во преспанското село Арвати, до летувалиштето Крани. Пред 30 години се иселил во Австралија, во Сиднеј, каде што живее и денес. Мајка му Ружа е исто така од преспанскиот крај - од Царев Двор. Миле Стерјовски има двајца браќа - Зоран и Никола, кои се постари од него, но не се занимаваат со спорт. Тој веќе две години е во брак со Аргентинката Шерон и има едногодишен син Лука. Моментално е член на швајцарскиот прволигаш Базел, во кој  дојде од Лил во 2004 година, член на Првата лига на Франција, за кој настапуваше две сезони. Има играно и за австралиските Сиднеј јунајтед и Волонгонг. Во националната фудбалска репрезантација на Австалија настапува од 2000 година, а има вкупно 30 настапи.