Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски

Господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во село Марул, Прилепско.

Во 1970 година заминува за Америка, Њујорк, кај својот постар брат Јосиф. Кариерата ја почнува како инженер, работејќи во Њујорк универзитетот.

Со цел да создаде верба во независните медиуми во земјава, во 1994 година  го кофинансира, организира и етаблира првиот македонски светски неделник "Македонско сонце", како исклучително независен медиум. Во 1996 година ја основа и станува претседател на "МАК АМ Интернешенл Корпорејшн", меѓународна трговска компанија со филијали во Флорида, САД, Скопје и Прилеп, чија основна дејност е увоз и извоз на производи во и од Македонија. Воедно, тој е сопственик и на хотелот "Липа" и на фирмата "Жито Прилеп" од Прилеп.

Господинот Атанасоски во 1996 година ја формира и станува претседател на партијата Македонска алијанса.