Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Мери Кетрин Рут

Мери Кетрин Рот, сликарка и фотограф, е трета генерација Македонка родена во Форт Вејн, Индијана. Своето уметничко образование го започнува на Универзитетот во Ница, Франција, каде студира скулптура 1989 г. за да подоцна студира акварел на Раис Универзитетот во Карие, Грција. 1991 г. во Хјустон, Тексас, студира историја на уметност, француски јазик и менаџерство, а 1994 г. во Њујорк студира цртеж. Првото свое претставување на уметнички дела Мери го има 1992 г. во Дона Билдинг Галеријата, Хјустон, Тексас. Втората самостојна изложба ја има 1995 г. во Камптон- Говетхол галеријата, додека 2000 г. Мери се појавува со две изложби на фотографии во Њујорк и на Македонската конвенција, во Питсбург, Пенсилванија.

 

Во својата досегашна кариера таа учествува во над десетина групни изложби со фотографии и слики во Њујорк, Лондон, Њу Џерси, Форт Вејн, Вашингтон, Тексас и на две изложби во Франција.

За својот извонредно богат творечки опус Мери има добиено три престижни награди: 1991 г. наградата на Раис Универзитетот во Хјустон, Тексас, 1992 г. награда во Хјустон за сликата “ Смртта на богинката” и 1994 г. ја добива високо котираната награда “ Конор” од Градскиот комитет во Њујорк.

Импресивен е и бројот на галерии и приватни колекции кои што поседуваат дела на Мери Кетрин Рот, главно во САД, Франција и Куба.