Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Глигор Ташкович

Извршен потпретседател за Владата и односи со медиумите.

АМБО ДОО, со седиште во САД има намера да развие нафтовод за сурова нафта долг 567 милји преку кој ќе се пренесува руска, казахтанска, азербејџанска, грузијска и туркменистанска нафта и ќе завршува во Црното Море од бугарското пристаниште Бургас до албанското пристаниште на Јадранското Море Влора. Владите на Албанија, Македонија и Бугарија на АМБО му ги дадоа ексклузивните права за овој проект. Возможно е да се изгради додатен дел кој ќе ги поврзува Македонија и рафинеријата во Панчево, близу Белград.

Нафтоводот со дијаметар од 36˝ е дизајниран за капацитет од 750.000 барели дневно. Нафтоводот вреден 1,13 милиони американски долари ќе стане дел од критичниот инфраструктурен дел на коридорот Исток – Запад што вклучува автопат, железничка пруга, гас, електрична енергија и оптички телекомуникациони врски. Овој транспортен коридор 8 беше одобрен од министрите за транспорт на Европската Унија во април 1994 година.

Овој стратешки транзициски инфраструктурен проект има важни значења на меѓународните пазари:


На европските народи ќе им даде пристап до значителни алтернативни извори на сурова нафта.

Ќе обезбеди конзистентен извор на сурова нафта за американските рафинерии во време кога повеќе од 50% од потребите за нафта на САД се увезени преку странски пазари.

Ќе изгради основа за поздрави економии низ целиот Балкан и ќе овозможи брза интеграција со Западна Европа.

ГЛИГОР ТАШКОВИЧ од 2006 година е министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во владата на Република Македонија