Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Никола Белчевски

Никола Белчевски, сликар и скулптор од Торонто, Канада. Пред повеке од 30 г. ја напуштил татковината и заминува во Канада, во Торонто завршил Ликовна академија а на специјалистички студии претстојувал во Фиренца, Италија. Има реализирано преку 20-на самостојни изложби во САД и Канада, а и овде во Скопје и Охрид ( минијатури ).

За себе ке каже дека ја сака природата и исконското во неа, и дека единствено таа инспирира чисто и митски еруптивно. Во Канада исто така го истражува исконското, животот и обичаите на Индијанците особено го привлекуваат.

 

Што се однесува до тематската насоченост, овој наш сликар и скулптор, кој со својот ликовен ракопис оставил белег и во канадската ликовна култура ке каже: Македонија со сиот нејзин раскош е мојата творечка и животна судбина, почесто престојувам во татковината за да нацрпам дел од врутоците на нејзините убавини и питомнини што инспирираат. ( роден е во Битола ).