Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Мајкл Клоуз

Мајкл Клоуз е роден во Торонто во 1954 година.

Неговите родители потекнуваат од Егејска Македонија. Уште од раното детство пројавува интерес кон ликовната уметност. Има студирано на Рајерсон политехничкиот универзитет - дизајн, на универзитетот Гелф завршил општа економија, а на Колеџот за уметности во Онтарио се стекнал со диплома на уметник. И покрај тоа што е најпознат како ликовен уметник, Мајкл Клоуз се занимава и со сценографија за филм, театар и телевизија. Уметничкото творештво на Мајкл Клоуз е свртено кон апстрактноста. Во сликарската палета на црвената, жолтата, црната, сината линија на Мајкл Клоуз, прикажани се ликови низ кои струи минатото, сегашноста, иднината.

Одблесоците на времето, културите и цивилизациите се испреплетуваат До сега има реализирано повеќе од 40 ликовни изложби на сите континенти. Мајкл Клоуз е познат и како филантроп. Имено, скоро секогаш изложените дела ги подарува на галеријата или на музејот каде изложува. Многу често се јавува и како донатор на свои минијатури за учесници на разни научни и културно-уметнички собири.