Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Зоран Малинковски

Зоран Малинковски, академски сликар роден во Штип, 1958 г. но неколку години живее и твори во Ванкувер, Канада. Основно и средно образование завршил во Штип, а ликовна академија во Скопје. Извесно време работи во Домот на младите во Штип, претстојува во Бугарија, Грција, Романија, Полска, Русија и др. држави, каде се запознава со тамошната ликовна уметност. Во Македонија учествува на повеке групни и самостојни изложби.

1992 г. заминува за Германија и Англија каде живее и твори некое време и приредува две самостојни изложби.

После тоа заминува за Ванкувер, Канада, каде и денес твори. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Канада, а во уметничката галерија во Ванкувер, каде и работи, приредува свои изложби. Со свои ликовни творби има учествувано на Меѓународното биенале во Мајами, САД, а има добиено и меѓународни награди со што се потврдува дека е сликар на светот. Во една прилика ке рече: го портретирам светот, нанесувајки му го неповторливиот македонски колоритен раскош.