Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Крунислав Стојановски

Крунислав Стојановски, е ликовен уметник роден во Скопје пред 30-тина години. Бидејки не успеава да се запише на Ликовната Академија во Скопје, тој заминува за Хрватска, на Загребската Академија.

Денес, тој е академски сликар со диплома од Академијата на ликовните уметности од Загреб и член на Друштвото на ликовните уметници на Хрватска од 1997 г.

По завршувањето на факултетот, продолжил да студира PUBLIC ART во класата на професорот д-р Agnes Denes ( САД ), на SOMMER - AKADEMIE, Салцбург 1997 г. додека во 1998 г. три месеци претстојувал на стручно усовршување на Kaapelitehdas, Хелсинки, Финска.

Како првонаграден на UNESKO - ASCHBERG Bursaries for Artists , претстојувал во Париз 97/98. Во последните неколку години има остварено самостојни изложби во Виена, Загреб, Хелсинки, Пореч како и учество на групни презентации во Келн, Загреб, Сплит, Халаин ( Австрија ), Стон, Лабин ( Хрватска ).

Како ликовен уметник од Македонија, а со место на живеење во Загреб, тој доволно добро ги познава и двете уметнички средини. Во таа смисла предлага и организирање денови на македонската култура во Загреб, особено презентација на уметници кои што се занимаваат со правци -актуелни во последните 15-тина години во рамките на светските текови, како video art, soundart, computerart, mixmedia, експерименталниот филм, изразување низ медиумите: инсталации и објекти, компјутерска графика, перформанс и др.