Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Власе Николески

Власе Николески, е роден 1948 година во Требениште, Oхридско.

Годините по пристигнувањето на Австралијскиот континент ги посветува на своето образование и веќе 1973 поседува две дипломи. Првата диплома ја добива за завршени студии по визуелни уметности на Високата школа за уметност во Хобарт, Тасманија  а втората за завршени студии за визуелни уметности – скулптура на Викторија Колеџ за уметности од Мелбурн. По двете студиски патувања во Франција – Велика Британија и во САД, завршува постдипломски студии на Институтот за уметност во Сиднеј.

Во своето уметничко творештво Власе Николески користи елементи од македонското археолошко и етнографско наследство како и сегменти на абориџинската традиција. Неговите скулптури како функционални инсталации можат да се поделат на ентериерни, екстериерни и пејзажни. Ентериерните и екстериерните, општо, а пејзажните посебно, глобално ја профилираат естетичката тежина , значењето на партиципацијата на Николески во процесот на скулпторското мислење воопшто.

 

Покрај дваесетина поголеми самостојни изложби, учествувал и на многубројни групни изложби организирани од светски реномирани галерии и музеи.

Добитник е на голем број награди и признанија.