Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Џон Битов

Многу исклучителни луѓе имаат скромни корени - и зад нив вредни, збиени семејства кои ја формираат основата на која нивните успеси се изградени. Џон Битов Ср. е ваков човек, чиј успех може да се следи назад до јаките вредности на фамилијата и заедницата кои го одржуваат своето Канадско - македонско потекло.

Џон Битов е роден во источниот дел на Торонто во 1928 година. Татко му Никола и мајка му Вана се доселија во Канада во 1919 од Габреш, село лоцирано во Егејска Македонија.

Џон имаше среќно детство во Канада, посетувајќи фо Јавното училиште Брус, а потоа Данфорт Трк во 30те и раните 40ти години. Како млад човек, тој покажуваше енергиха и ентузијазам што го мотивираа низ животот. Џон беше активно вклучен во многу активности во заедницата, вклучувајќи и организирање на спортски клубови и собирање парични средства за рекреативни центри.

Како и многу други канадски момчиња, Џон беше пасиониран играч на хокеј. Тој беше врвен спортист, кој играшЕ во многу градски и федерални тимови во хокеј, бејзбол и фудбал.

Конвенција во Индијанаполис, Индијана испадна незаборавна за Џон. Таму ја сретна сопругата Доца, со која се ожени 1949 во Македонската православна црква "Св Ѓорѓи" во Торонто.

Џон и Доца имаат пет деца Вона, Том, Ник, Џон Јуниор и Јордан. Благословени се со дванаесет внуци.

Посвете сопруг, татко и дедо, богатиот фамилијарен живот на Џон Битов е постојана инспирација за успехот на семејниот бизнис.

Бизнисменот Битов

Денес, Џон Битов е претседавач на Бордот на директори, и Извршен шеф на Битов Корпорацијата, голема канадска компанија за храна чија работа вклучува и кетеринг, ресторани и други домаќински услуги врботувајќи над 1200 луѓе. Вредниот млад човек мина долг пат од Иточниот дел на Торонто.

Џон започна со работа како помошник на татко му, кој имаше мала месарница на Квин Стрит Ист. Во 1949, на возраст од 21 година, Џон го отвори својот прв ресторан на Авенју Роауд. Ресторанот со единаесет маси, наречен Јава Шоп, прерасна во ланец од пет, семејно ориентирани ресторани со истото име. Џон ја пронајде својата наишка во индустријата за храна, градејќи империја со посветеност на квалитетот и талентот за настап на пазарот.

Во раните 60ти, Џон ги прошири своите интереси на бизнисот со опрема за хотели. Преку неговата фирма, тој разви, финансираше и во неколку случаи опреми голем број ресторани на пошироката територија на Торонто и низ Канада.

Во 60те желбата на Џон за иновации тој направи бум во клубовите за вечера во Торонто. Тој беше првиот кој воведе на територијата на Торонто супер клубови за вечера со отворање вакви клубови со слични имиња како Гаслајт Таверн и Мистер Тони'с во Јорквил, Кава Боб на Јанг Стрит, Мисисипи Бел во Дон милс и Дајмонд Џим во Хамилтон.

Џон го продаде бизнисот за опремување хотели во 1969 и ја зема франшизата на Биг Бој Фемили Ресторантс. Во следните десет години, Биг Бој ланецот се разви во 32 ресторани во Онтарио, Алберта и Квебек. Во 1979, тој им ја продаде франшизата на Елиас Брадерс од Ворен, Мичиген.

Раните 80ти беше време на експанзија и диверзификација на интересите на Битов. Тој беше вклучен во истражувањата и развојот на нафтените и гасови резерви во јужен Тексас. Во 1983, Џон и неговите деца ја основаа Јорк Сити Квалити Фудс Лтд, компанија што ги доби тендерите за концесија снабдување со храна и пијалоци на Лестер Б. Пирсон меѓународниот аеродром во Торонто. Денес, Битов Корпорацијата ги контролира концесиите на сите три терминали.

Еден од најгенијалните потези на Битов беше формирањето на Цити Дом Корпорацијата во 1986, која ги доби правата за продажба во тогаш новиот Скај Дом. Јорк Каунти Квалити фудс и Цити Дом Корп. се соединија и ја формираа Битов Корпорацијата во 1987.

Во 1991 Битов ја формираше "Грејт Моментс оф Катеринг Дивизија", која ги снабдуваше со храна и таквите големи спортски настани како Поло фор Харт во Громли, Онтарио, Сан Лајф националниот тениски шампионат, и Торонто Молсон Инди. Неговата листа на клиенти ги вклучува и значајните фирми како Кока Кола, Лабат, ИБМ, Сони, Сиграм, Ксерокс и Кадилак Феарвју. Друг престижен настан во кој била вклучена оваа фирма е и добротворната инаугурална претстава на Мис Сајгон во Принс оф Велс театарот.

На бранот на успех од вака висок профил, семејството Битов и хокеарската ѕвезда Вејн Грецки, оформија партнерство во 1992/93, отворајќи го Вејн Грецки ресторанот на Блу Јејс Веј,

Годината 1993 означи уште еден продонес на Битов во развојот на професионалниот спорт во Торонто. Битов Инвестментс Инц, како партнер на Стандард Бродкастинг и Банката на Нова Шкотска, ја доби НБА франшизата за Торонто. Првиот натпревар на Торонто Репторс беше на 3 ноември 1995.

Империјата Битов беше зад многу иновативни бизнис компании во последните три години. Во 1993 Битов Корпорацијата создаде нов концепт на Јавните здравствени сервиси за храна. Концептот ќе им овозмиж на болниците "корисници" да бидат без кујна, добивајќи храна за пациентите и не само за нив директно од оддалечена дестинација. Првите болници што ќе го користат приод се две дивизии на Болноицата Торонто - Општата Торонто боница и Торонто Вестерн, со вкупно 1000 кревети. Битов сака овој нов концепт да го развие низ цела Северна Америка.

Понатаму проширувајќи ги своите интереси во снабдувањето со храна, во 1994 Битов склучи договор да обезбедува патнички оброци за ВИА Реил Канада, ВИА - 1 возови од прва класа кои потекнуваат надвор од Торонто Јунион Стејшн.

Битов Филантропистот

И покрај барањата од фамилијата и бизнис империјата, Џон Битов секога успеваше да најде време да и возврати на неговата заедница. Поранешниот градоначалник на Торонто, Џун Роулендс го опишува Битов како "екстремно дарежлив и многу цивилизиран", бизнисмен со срце. Неговите филантропски достигнувања вклучуваат:

  • Значаен член на Торонто Општата Болница, Канадската Фондација за Цистична Фиброза и Универзитетот на западен Онтарио
  • Поранешен директор на Ројал Онтарио музејот
  • Добитник на Комеморативниот Медал за 125 годишнината на Канадската конфедерација (1992)
  • Соработник на Онтарио Хостелри Институт (1991)
  • Претседавач на ПроЕкшн (1990)
  • Член на Редот на Канада (1989)
  • Претседавач за Онтарио на Бритиш Комонвелт Игрите (1986)
  • Почесен граѓанин на Метрополитен Торонто (1979)
  • Член на одделот за Торонто на канадското друштво на Вајцман Институтот за наука. Масон на кралската ложа и основач на Армор Хајтс Ротари клубот.
  • Претседавач на вечерата за собирање средства за општата болница на Торонто, Крадиолочки оддел.
  • Основач и претседавач на Канадско - македонското место, пензионерски дом.
  • Битов обезбеди помош во планирање и градење на други пензионерски домови во Торонто. Исто така тој ги поддржува рекреационите центри за пензионери во Норт Јорк.
  • Спонзорираше и помагаше неколку приматели на органи до Канада за успешно транспланитирање.
  • Заедно со Денис Тимбрел и преку Армијата на спасот, Битов подготви над 50 000 божикни кошнички за тие на кои им требаат.
  • Го убеди Универзитетот на Торонто за потребата од македонски јазик и беше главниот поддржувач на проектот.
  • Секогаш го поддржуваше градењето на македонски православни цркви. Неодамна помогна во основањето на Св. Богородица во Кембриџ и ја помага Св. Илија во Мисисага.

Дарежливоста на Џон Битов се протега низ целата негова кариера, и се рефлектираше во културната добробит и соработка, што канадскиот пример го прави мозаик за пример во светот.

БИТОВ ПОЛИТИЧКИ АКТИВИСТ

Семејството, бизнисот и филантропијата се повеќе од доволни да се исполни еден живот. Но, огромната енергија на Џон Битов го вклучи иво политичката арена.

Меѓу многуте други активности за помагање на неговата земја, Џон Битов беше активно вклучен и во политичките сили кои го обликуваат светот. Иако за себе размислува прво како за Канаѓанец, Битов никогаш не го заборави поширокиот контекст на животот, поврзан со неговот македонско потекло.

Битов е почитуван водач на канадско - македонската заедница во Торонто, останувајќи посветен преку целиот живот посветен на помагањето на Македонците кои живеат во Торонто и низ светот. Тој беше водечката личност за признавањето на македонскиот народ, помагајќи на каузата во Егејска Македонија и низ светот.

Како скорешен претседавач на Канадско Македонската Федерација, и Светскиот Македонски Когрес, Битов непопустливо работеше зад сцената, трошејќи бескрајни часови лобирајќи кај владите на Канада и САД како и во други држави да ја признаат Република Македонија.

Преку Канадско Македонската Федерација, тој помагаше во набавувањето на медицинска опрема и лекови за Република Македонија. Тој ја организираше СкајДом лекови за Македонија кампањата, и со помош на македонската заедница собра повеќе стотини илјади долари кои беа употребани за купување лекови за Македонија. Неговите прилози во странство исто така вклучуваат и помагање во обновата на Скопје, Македонија по силниот земјотрес во 1963 година.

На Канадската линија, Битов е основач на Канадско Македонското Место, пензионерски дом. Преку годините тој спонзорираше повеќе од 150 раселени лица од Балканот, овозможувајќи им да емигрираат во Канада. Тој им обезбедуваше храна, облека и сместување, додека не застанаа на свои нозе и почнаа да придонесуваат за својата нова држава.

НЕГОВАТА РАБОТА ПРОДОЛЖУВА И ДЕНЕС

Достигнувањата на Џон Битов Сениор му се признаени од семејството, наследници и локалната и меѓународната заедница. Семеен човек за пример, бизнисмен и Канаѓанец - Македонец, тој е навистина човек за сите времиња.