Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Мише Автаровски

На австралиската театарска сцена повеќе од десет години активно е присутна Maкедонската театарска група „МТГ – Австралија“. На љубителите на театарската уметност меѓу иселениците од Македонија, групата им ја доловува магијата на театарот преку адаптирани и оригинални текстови.

Заслужен за тоа, покрај глумците, секако е раководителот и текстописецот Мише Автаровски. Амбициозните потфати на овој уметнички колектив внесоа нови импулси во културниот живот на Австралија.

Мише Автаровски замина од Македонија пред 17 години. Но, со себе ја однесе љубовта кон театарот. Љубовта кон штиците што живот значат сакаше да им ја пренесе на тамошните Македонци. И успеа. Театарските претстави се секогаш извонредно примени а салите до последно место пополнети. Ентузијазмот на Мише Автаровски не застана на броењето на продадени билети и на репризирање на претставите.

 

Првите скромни авторски обиди ги реализира преку адаптации на текстови за МТГ театарот. Вториот чекор беше да се докаже како автор. Почнува да пишува и до сега потпис има ставено на 14 комедии од кои најпознати се: „Донт бери гајле“, „Кенгурите доаѓаат“, „Австралијо, мори Австралијо“, „На ханимун“, „Ајлавју, мори жими мајка“ и „Што ти се чинеше кога се мажеше“.

На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во далечната 1994 година Македонскиот театар „Бумеранг“ од Мелбурн, ја донесе претставата „Кенгурите доаѓаат“, проект кој, тогашната театарска критика го оцени како амбициозна креација која внесува свежина во театарските текстови.

Творечкиот импулс на овој млад и амбициозен театарски ентузијаст не секнува. Театарот МТГ е во постојани гостувања ширум Австралискиот континент надополнувајќи ја на тој начин духовната празнина на нашите раселени сонародници.

Виолета Шиндил