Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Игор Дурловски

бас

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Euridice на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.  

Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Доницети, Белини, Росини, лириката и драматиката на Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.  

Командувајќи на сцената и исполнувајќи го театарот со својот моќен и елоквентен бас, Дурловски толкува мноштво на карактери напишани од познатите автори.

Инструментот на овој бас, Македонската опера и балет во периодот 2000 до 2002 година, го користи во продукциите на оперите Lucia di Lammermoor, Il Trovatore, Don Giovanni, Turandot, Il barbiere di Siviglia, La forza del destino, Rigoletto, Aida и други.

                Неговиот мудар славјански тон кој е вистинско богатство за ушите на слушателите, зема замав и во повеќе оперски куќи во светот. Градејќи вокален климакс, под патронат на диригентот Пол Вајголд, 2001 година, Дурловски дебитира во улогата на Nonacourt во операта Il capello di paglia di Fireza во продукција на Виенската Камерна опера. Тогаш започнува и обликувањето на елегантната вокална техника на овој уметник во камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ.

Драматичните и лирски особености на овој бас со годините, ќе станат препознатливи и по изведбите на оперите од македонски композитори меѓу кои операта Лидија од Македонија , и Цар Самоил. 2003 година, тој ја добива наградата “Ѓорѓи Божиков” од Сојузот на композитори на Македонија - СОКОМ за најдобра изведба на композиции од македонски автори.

Истата година, Дурловски станува лауреат на интернационалниот натпревар во Белград Jeunesses Muzicales.

Мистериозно длабокиот резонантен глас на овој пејач, 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, Ballo delle Ingrati и Euridice.

Биографијата на Игор Дурловски бележи и концернти изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, Радомировиот Псалтир на Димитрие Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето.

Тој е познат во оперските куќи меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен Театар во Загреб и Риека, Тиранската Опера, Битолската Опера и други.

Тој е познат во оперските куќи меѓу кои Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен театар, Тиранската Опера, Битолската Опера. Соработувал со Wienna Residense Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика “Алеа”.

Во 2006 год. е прогласен за почесен амбасадор на Стопанска Комора на Македонија, за значајни остварувања во областа на културата и уметноста.

Игор Дурловски живее и работи во Виена и се усовршува во камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ.