Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

James Grossmith

James Grossmith е македонец по мајка, кој своето професионално музичко усовршување го  започна како сколар по оргуљи во Clare College ,Cambridge. Во 2001 година доби стипендија за постдипломски студии  со Martin Brabbins на Кралската Шкотска Академија за музика и драма (RSAMD) во Глазгов. По завршувањето на постдипломските студии, со највисоки награди, James диригира  со шкотскиот Симфониски Оркестар на BBC, Лондонската Симфониета, хорот на шкотската Опера, фестивалскиот хор на Единбург, Симфониетата на Абердин и ансамблот Paragon, како и со симфонискиот оркестар и хорот  на операта на RSAMD.

Три години работи како уметнички  директор на операта Hado во Абердин, а во 2005 година се наоѓа меѓу 8-те врвни млади диригенти на Велика Британија на 8-миот  натпревар во Лидс( кој се одржува секоја 4-та година). Потоа добива  место на Мастер на Хорот  и асистент- диригент на Кралската Шкотска Опера, со која во последниве две сезони ги диригира  “Don Giovanni”, “Carmen”, “Tamerlano”, “Madama Batterfl” и “Lucia de Lamermoor”. Моментално е назначен за Директор на капелската музика на Универзитетот на Glasgow.

James е носител на многу награди и признанија од меѓународен карактер. Во 1990-91 со неговите соученици Suzanna Philips (сопран) и Timothy Dawes ( трумпет)  ги дава првите два концерти како добротворен прилог за Македонија, непосредно по формирањето на Македонското Здружение во Велика Британија, иницирани  од неговата мајка Др. Костадинка Grossmith.

Во  1997 година,  во соработка со хорот “Св.Злата Мегленска” за прв пат ја запозна концертната акустика на Св. Софија,Охрид, Домот на АРМ, Битола, Соборниот Храм, Католицката црква  и Св. Пантелеимон, Нерези во Скопје, каде одржа неколку целовечерни концерти со хорот на Clare College Cambridge.

Во  програма на  ансамблите со кои тој диригира, често се застапени  македонски композитори, продолжувајќи ја традицијата на своите родители кои одсекогаш ја промовираат културата на Македонија.

James е оженет за Emma Harper-Grossmith , правник и концертна певица (меззо сопран), ќерка на Архиепископот на Ирска. Двајцата ја обожаваат Македонија и често за време на годишните  одмори доѓаат  во Македонија, а на своите пријатели им ја претставува Македонија  како своја мајковина.

Летка Димовска Полизова