Бесплатни огласи

Огласите испратени по емаил, ги објавуваме бесплатно.

Се бара Сергеј Димитров од Кочани

18.02.2014 година

Моето име е Митко Филипов од Кочани и на овој начин се обидувам да го пронајдам мојот чичко, брат на татко ми.
Чичко ми се вика Сергеј Димитров или Димитријев роден во село Јастребник, Општина Кочани, во 1939 година од татко Глигор и мајка Вела Ангелови. Заминал за Австралија во далечната 1976 или 1977 година, има ќерка Елена, но немав можност да обезбедам фотографија.
Се надевам дека сепак ќе успеам по толку многу години да го запознаам својот чичко.

контакт:
mitkofilipov@yahoo.com