Листа на информации од јавен карактер

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РМ бр. 13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, АГЕНЦИЈАТА  ЗА  ИСЕЛЕНИШТВО ја изготви следната

 

Л И С Т А

на информации од јавен карактер

 

  1. Бази на податоци отворени за јавноста:

 

-          Адресар на македонски иселенички клубови, асоцијации и црковни општини; 

-          Профил на македонските иселенички организаци (во изработка);

-          Адресар на македонски иселенички медиуми; ; 

-          Список на иселеници од Македонија кои инвестирале во Република Македонија (во изработка);

-          Адресар на иселеници од Македонија, бизнисмени и менаџери, потенцијални инвеститори во република Македонија (во изработка);

-          Статистички податоци за бројот и структурата на иселениците од Македонија во пооделни земји  во странство (табеларен преглед); http://makemigration.readyhosting.com/aktivnosti/statistika/statistika1.asp

-          Иселенички страни, каде што иселениците и нивните организации имаат можност да ги објават своите дејности и активности; http://www.makemigration.com/strani/?mainmenu=7&submenu=-2&page=vest&type=static&args=group%3D7&subsubmenu=82&submenu2=%2D2 

-          Писма и огласи на иселеници од Македонија. http://www.makemigration.com/iselenistvo/?mainmenu=6&submenu=-2&page=vest&type=static&args=group%3D119

-          Македонски закони од интерес на иселеништвото (посебно економски закони),  дел од нив преведени на албански јазик; http://www.makemigration.com/iselenistvo/?mainmenu=5&submenu=-2&page=Pravna regulativa&type=dynamic&args=

 

  1. Информативно - пропагандни дејности на Агенцијата за иселеништво во странство.

 

  1. Информативно - пропагандни материјали на Агенцијата за иселеништво,  изработени на дигителен носач на медиум, како и во печатена форма (книги, брошури и сл.)

 

Агенцијата за иселеништво, за службени лица кои ќе посредуваат при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, ги определува следните државни службеници:

 

-          Дора Ангелова, Раководител на Одделение за информирање, со контакт телефони: 3 118-633 и факс 3 118-539 и електронска пошта dora@minisel.gov.mk

-          Виолета Секулова, Раководител на Сектор за правни, економски и општи работи, со контакт телефони: 3 211-909 и факс 3 118-539 и електронска пошта vikis@minisel.gov.mk

 

 

Напомена: Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвила Агенцијата за иселеништво со пополнување на образец - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да се добие во архивата на Агенцијата или да го симнат со кликнување тука .......

 

Известување:

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

„ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ"
28 СЕПТЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП
ДО ИНФОРМАЦИИ

На 28-ми септември 2002 година претставници на невладини организации од целиот свет, меѓу кои и од Македонија, лобисти и бранители на идејата за слобода во информирањето, на состанок во Софија Бугарија, формираа Мрежа на бранители на слободата во информирањето. На средбата е договорено сите членки на мрежата да соработуваат за промоција на правото на пристап до информации, како и за транспарентно работење на органите и институциите кои поседуваат информации од јавен карактер.
Основни цели на мрежата се промоција и усвојување на законите за слободен пристап до информациите од јавен карактер во земјите каде што недостасува таква легислатива, како и поддршка во спроведувањето на законите во земјите кои веќе имаат таква легислатива во оваа област.
Бранителите на слободата во информирањето, на состанокот, исто така, предложија 28 септември да биде прогласен за меѓународен ден „ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ", кој ќе го симболизира глобалното движење за промоција на правото на пристап до информациите. Целта е на овој ден да се подигне свеста за правото за информирање, кое е од подеднакво значење и за земјите во транзиција и за земјите со развиена демократија.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и годинава ќе даде активен придонес во одбележувањето на денот „ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ". Во соработка со Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во дневните весници на македонски јазик “Вест", “Време", “Дневник" и “Утрински весник", како и во весникот на албански јазик “Лајм", на 28 септември ќе биде објавена посебна страна со пригодна содржна посветена на овој ден.
Како лица задолжени за посредување со информации од јавен карактер, Ве молиме, во рамките на можностите на соодветен начин да се вклучите во одбележувањето на Меѓународниот ден „ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ", со што ќе дадете активен придонес за подигнување на свеста кај граѓаните за правото на пристап до информации од јавен карактер во вашите средини.

Од Комисијата