Писмата испратете ги по  email       

 

СЕКОЈ ТЕКСТ Е ИСКЛУЧИВО СТАВ НА НЕГОВИОТ АВТОР И ТОЈ НЕ ГО ОДРАЗУВА СТАВОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОДГОВОРНА ЗА ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ!

 

МПЦ „Свети Димитрија - Солунски“ - македонски центар во Маркам (3 дел)

16.10.2015 година

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА
Градот Маркам се наоѓа во северниот дел на метрополата, Торонто, на растојание од дваесетина километри од Скарборо, преку автопат број 7. Денес, меѓутоа, тие простори се споени и патникот неможе да ја одреди граница меѓу населените места. Таму има нови населби со убави куќи и градби на различни бизниси и фабрики кои ги поврзуваат предградијата Јуниовил, Ричмонд, Томвил, Њумаркет и други места со Торонто. Само сообраќајните знаци ги покажуваат границите помеѓу овие населби кои сега станале една целина. Инаку, во Маркам живеат повеќе од 150.000 жители, од кои околу петнаесет илјади се од македонско потекло и кои претежно дошле од Битолско, Леринско, Преспанско, Солунско, Костурско, Охридско, од Мала Преспа и од други места на етничка Македонија.

 

 

 

Македонскиот црковно-национален дом „Свети Илија“ во Мисисага (2 дел)

16.10.2015 година

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА
Мисисага е шестиот град по големина во Канада. Тоа е град кој се наоѓа во јужниот дел на Онтарио, на брегот на езерото Онтарио, западно од Торонто. Името градот го добил од индијански збор што значи „место на река“. Градот по бројот на жителите е голем како Скопје, главниот град на Македонија, меѓутоа, често пати го третираат овој град како предградие на Торонто.

 

 

 

Свети Никола“ во Виндзор - Втора Македонска Православна Црква во Канада (1 дел)

30.09.2015 година

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА
Канада, ветената земја за голем број Европејци, особено за Македонците од поробена Македонија, се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална држава се одвиваат значајни социјални, културни и економски преобразби, а со тоа и голема трансформација во нејзиниот етнички состав.
Според Законот за зачувување и унапредување на мултикултурата во Канада, покрај другото, се вели: „Устaвот на Канада пропишува дека секој поединец е еднаков пред законот и има право на иста заштита и корист спо¬ред Законот без дискриминација и дека секој има право на слобода на свеста, верата, мислата, верувањето, мислењето, изразувањето, мирното собирање и дружење и ги гарантира овие права и слободи подеднакво на лицата од машки и женски пол, без разлика на расата, националното или етничкото потекло и бојата. А со тоа, на лицата кои припаѓаат на етнички или верски малцинства нема да им се спори правото да уживаат во сопствената култура, да ја пропагираат и применуваат сопствената ре¬лигија или да го употребуваат сопствениот јазик“.

 

 

 

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

28.09.2015 година

Црковниот храм „Свети Наум Охридски“ во Хамилтон

Пишува: Тони Златковски

Хамилтон е еден од најголемите пристаништа на западната страна на езерото Онтарио, кое со својата големина личи повеќе на море, одколку на езеро. Пристаништето е дел од заливот и е важен трговски и индустриски центар во чија околина, исто така, растат многу видови на овошје и зеленчук. Хамилтон е една од водечките индустриски центри на железо и челик, а има добро развиена и електронска, хемиска и други индустрии.
На денешната локација на Хамилтон први пристигнале француските истражувачи уште во 1600. Сепак, градот постои како населба од 1778 година со доаѓањето на обединетите кралски лојалистите од САД. Го добил името по Џорџ Хамилтон, човекот кој ја формирал првиот заедница на тие простори во 1813. Подоцна градот почнал да се шири кон каналот Брлингтон и кон пристаништето.

 

 

 

АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ И НИВНИТЕ ЗАГУБЕНИ ДЕЛА

17.09.2015 година

СООПШТЕНИЕ
Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“

НАЈНОВА ИСТОРИСКА КНИГА ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ
АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ И НИВНИТЕ ЗАГУБЕНИ ДЕЛА

Ги известуваме заинтересираните за македонската историја дека во догледно време треба да излезе од печат најновата книга од историчарот Александар Донски под наслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ И НИВНИТЕ ЗАГУБЕНИ ДЕЛА“.
Во книгата за прв пат пред македонската јавност ќе бидат претставени биографиите на дванаесет античко-македонски историчари, како и делумен список на нивните загубени дела.
Во книгата ќе бидат претставени историчарите: Птолемеј и Аристобул (кои воедно биле генерали на Александар Велики Македонски), Леон од Пела, Антипатер, Кратер Македонецот, Птолемеј Осми, Филип од Амфипол, Критон од Пиерија, Марсија од Пела, Патрокле, Марсија од Филипи и Зоил од Амфипол.
Најголем дел од нив биле македонски патриоти и пишувале за историјата на Македонија.

 

 

 

45 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

18.05.2015 година

Македонската Радио Програма “Оро Македонско” ќе одбележи 45-годишен јубилеј од своето постоење, како прва радио програма во дијаспората. По тој повод чест и задоволство ми е да Ве поканам да бидите наши гости на следните дати; 9 Октомври во Chicago, 10 Октомври во Caown Point, 11 Октомври во МПЦ, св Петка во Chicago, 17 Октомври св. Горги Кратовски во Детроит, 21 Новембар св, Богородица Детроит И 28 Св .Климент Охридски во Торонто, каде ќе биди завршна вечер со Ансамболот “Македонка” Монодрама за Гоце” а ќе свири “Бисер”. Воедно Ве поканувам на 42 Љубански Иселенцки Средби

Бошко Рајчовски-Пелистерски

 

 

 

СВЕЧЕНО ВО ДИМИТРОВГРАД

26.03.2015 година

Македонките од Пирот и Димитровград во организација на Здружението на македонското национално малцинство во Пиротска околија „Бели мугри„ за првпат заедно го обелижија меѓународниот празник Денот на жените 8. Март.
Прославата се одржа во Димитровград, поточно во кафулето „Панорама Цариброд„ власништво на Слободан Василев од истоимениот град. На вишечасовното дружење на жените од двата соседна града Пирот и Димитровград учествуваа триесетини жени и неколку мажи.
Одбележувањето на празникот, започна со краткото обраќајње на Борислав Алексовски, подпреседател на Здружението, кој го нагласи значејнето на овој меѓународен празник на жените. Потоа Алексовски им го честита празникот во свое имне и во името на Здружението „Бели мугри„. Тој им посака убаво целовечерно распопложение на дамите македонки. Потоа на секоја од присутните жени им врачи по стучок црвен каранфил.

 

 

 

Помош за Македонија

13.02.2015 година

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во последните денови и недели во Македонија, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење.