Писмата испратете ги по  email       

 

СЕКОЈ ТЕКСТ Е ИСКЛУЧИВО СТАВ НА НЕГОВИОТ АВТОР И ТОЈ НЕ ГО ОДРАЗУВА СТАВОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОДГОВОРНА ЗА ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ!

 

ДОНАЦИЈА ОД 50.000 ДОЛАРИ

01.04.2014 година

ЗА МПЦ СВ.ДИМИТРИЈА ВО ФЛОРИДА
ДОНАЦИЈА ОД 50.000 ДОЛАРИ
Историскиот развој на Македонската православна црква Св. Димитрија во Јужна Флорида започнал на 15 август 1989 година кога била регистрирана пред американските власти во Талахаси (Tallahassee). Меѓутоа, за Македонците во Флорида ке остане за паметење 2004 година, кога се купени две куки, на Булеварот Нортлаке во Палм Бицх Гарденс. Потоа просториите се адаптирани во црква и црковна сала, во кои се продолжи и се практицира православната македонска вера, обичаите, традициите, песната и орото и другите духовни и културни вредности донесени од Македонија.
Во црквата Св. Дитрија има голем број Македонци кои од почеток до денес се вклучени во купувањето, изградбата и реконструкцијата на зградите, меѓу кои најголеми донатори досега се бизнисмените браќата Јосив и Георге Атанасоски, кои дале околу 200.000 долари.
Исто така треба да се одбележи дека на 2-ри март оваа година црквата Св. Димитрија организираше годишен пикник на кој присуствуваа околу 250 посетители, членовите на црквата и други добронамерници и пријатели на Македонците, кога и се собраа повеке од 30.000 долари. Притоа треба да се истакнат најголемите донатори, бизнисмените Мајкл Илич, Георге Атанасоски и Јохн Битов, кои подарија по 10.000 долари, потоа бизнисменот Георге Браун, писателот Јосиф Грежловски-Гандето, Јосиф Пасариковски, д-р Ламбро и Пет Димитров и многу други добротвори и донатори кои постојано даруваат средства на Црквата.
Потоа, на 9 март оваа година се одржа Традиционалниот голф турнир, кој го организираа бизнимени од Канада и САД, меѓу кои, Георге Браун, Анджело Пеовски, Крис Стериовски и голем број други Македонци и нивни пријатели, кои собраа околу 4.000 долари донација за црквата Св. Димитрија.
Исто така, авторот на овој текст, Славе Катин, од името на Издавачката куќа Македонска искра подари 200 публикации, со цел да се отвори скромна библиотека во црковните простории, а со тоа да се поттикнат и други издавачки куки и поединци да донираат книги и финансиски средства за Македонската православна црквата Св. Димитрија, која се наоѓа на 4980 Нортхлаке Боулевард, Палм Беацх Гарденс, Фл.33418, чија реконструкција и доградба ке ја изведуваат Бранко Димовски и Стивен Талевски..
На 16 март оваа година, пак, се одржа членско собрание на црквата, на кое беше претставен финансискиот извештај, од страна на управата. Инаку, во собирањето на средствата големи заслуги, покрај иницијаторот на акцијата Стеве и Лили Плиакес, имаат членовите на сегашната управа Васил Џајкоски, Лена Гогова, Лилјана Доревска, ТрајЧе Матевски, Драги Ивановски, Ратка Реи Попек, Раде Цветковски, потоа БоШко Рајчовски-Пелистерски, Перо Христов, Тони Голабоски, Коста Илиас, Лика Панчо и многу, многу други предходни и сегасни активисти.
Финансискиот извештај беше презентиран пред голем број членови на Црквата и гости. Притоа беше истакнато дека со акцијата за собирање на финансиски средства за законската реконструкција на објектот, се собрани околу 50.000 долари, што значат и почеток на градежните работи и посветла иднина на овој македонски храм, за кој се очекува во оваа акција да се вклучат и други донатори и цркви од Канада и САД.

Славе Катин

 

 

 

Д-р Ташко БЕЛЧЕВ пионер на Македонската историографија заслужува посебно внимание

06.03.2014 година

Пишува: Јанко ТОМОВ Март 2014
Нее добро да чекаме, некоји од нашите историјски икони пионери на македонската историографија, да го изгубат своето здравје и сеуште да бидеме индефирентни и недоволно чувствителни, во пружање потребно помасовно внимание, со желби за побрзо оздравување, средување на неговите драгоцени дела, со прикладно публикување и промовирање. Да, сите знаеме, дека нивните пионерски авторски дела, се основа за обновување на Македонската античка сувереност, во ликот на современа суверена Република Македонија И просперитетот на македонистиката со своите јазични, кулрурни, верски, традиционални македонски обележја и сл. Без нив досега ќе не доасимилираа и денационализираа, повекето шовинистички соседи и нивните меѓународни и Европски подржувачи!
Јас како еден од нивните врсници и соидејци, како автор на историјски дела, специјално на болниот почитуван Ташко, му пожелувам скоро оздравување и продолжување на публикување на научни и стручни историјски дела, за битноста на македонците и Македонија, кои ја створија европската цивилизација. Апелирам сите Македонци и наши пријателели, во Република Македонија и етничките делови, кои се во можност да го посетат и му пожелат поскоро оздравување и прикажат извесен почит кон неговото драгоцено дело за Македонците и за Македонија.
Во организација на театарот СКРБ И УТЕХА под раководство на познатиот автор на историјски статии и на голем број драмски дела, проф. Тихомир СТОЈАНОВСКИ-Тихо, со теми од македонскиот антички период , на 21-вите Дионис-исусови слави, се одржале на 14 и 15 Јануари 2014 година, во градската библиотека Браќа Миладиновци-културен центар, во Скопје, Република Македонија. При тоа биле прикажани десетина престави и беседи со историјски Македонски теми, под водсво на познати автори на античко-историски драмски дела. Обично на овие престави се собирале познати историчари од Република Македонија. За овој настан, ме исвести и мојот пријател Паскал Камбуровски, специјално за отсаството при прикажување на драмите, од страна на познатиот историчар д-р Ташко Белчев, поради неговата сериозна здравствене состојба:
Вчера по повод на Дионисовите чествувања се видов со Васил Иљов и
Тихомир Стојановски но за жал не беше со нас почитуваниот проф. Ташко Белчев кој е во тешка здравствена состојба.
Кои се тие автори-пионери на праисториски и антички македонски дела, кои се собираат и беседуваат на традиционалн ите Дионис-исусови слави?
Специјално, во тој период, од осамостојувањето до денес, Македонскиот светол дух ги устоличи најлојалните свои чеда, кои дадоа драгоцен допринос, со своите историјски дела, за македонската битност, која датира од праисторијата и античкиот период до денес. Тие племенити интелектуалци- Македонци, повекето како Деца Бегалци од граганската војна во Грција (1946-49 година), се: д-р Ташко Белчев, архит. Васил Иљов, проф.Ангелина Маркус, кои имаат по неколку авторски историјски дела и стотици написи-статии, со праисторијски и античко Македонски теми.
Од соодветната повозрасна генерација ,горните историчари ги пратат и Славе Николовски-Катин, кој ја преведе книгата на германскиот автор Урлих Булкен Александар Македонски(важна книга за корењата на македонската античка битност, која досега ја негираа припрадниците на Задкарпатниот словенизам од 5-6 век од н.е.), во 1988 година од Англијски на Македонски, потоа покасно и ги публикува своите историјски книги, од кои заедно со Антоние Шкокљев-Дончо, во Скопје во 2004 година, ја публикуваа книгата: Придонесот на Македонија во светската цивилизација. Потоа мр. инж. Паскал Камбуровски, со својата книга: Гробот на Александар Македонски, публикувана во Скопје, 2001 година, а и во повторно издание во 2003 година( каде му е рецензор арх. Васил Иљов), и други автори.
Морам да речам, дека се ретки тие автори на историјски дела кои се дипломирани историчари, а ги прикажуваат правилно историјските факти. Еден од нив е Александар ДОНСКИ, а и најголем и најлојален на Македонизмот, со дваесетина публикувани историјски книги, на Македонски и Англијски, претежно за античкиот Македонски период. Пред 2 години, Александар им се спротистави на 300 Американски и Грчки учени и недоучени историчари, кој, со чисти факти ги побива, дека погрешно ја интерпретираат македонската античка историја, правејќи ја Грчка.
Да се вратиме на д-р Ташко БЕЛЧЕВ, при што како прилог ке ги наведам неколку цитати од мојата книга публикувана на Македонски и на Англијски: Откритија за важни настани во македеонската историја во 2004 година, ИСЕН 0-9752453-1-7, Бризбен Австралија:
ЗА КНИГИТЕ НА Д-Р ТАШКО БЕЛЧЕВ
Ташко Белчев е доктор на науки, кој докторирал во Полска. Тој ја проучува древната историја, а пред се потеклото на Венетите, кои се предци на Словените и за кои тој смета дека биле ист народ со античките Македонци.
Тој ја критикува книгата на Доналд Харден под наслов Феникијци, затоа што (цитат): ... од науката прави митологија, а од митологијата прави наука. Тој смета дека Грците огромен дел од својата култура ја превзеле од Феникијците, кои, пак биле блиски со Венетите (списание Македонија, д-р Ташко Белчев: Македонија - девет милениуми писменост, историја и цивилизација 2 Тројанската војна започнува и завршува во Македонија).
Д-р Белчев смета дека Илијадата е дело на предците на Македонците, потсетувајќи дека Илиј на македонски значело сонце, а ија - земја.
Понатаму д-р Белчев открива македонски корен и етимологија во имињата на извесен број митолошки богови и божества, кои во науката неправедно се третираат како грчки. Некои од нив немаат никаква етимологија во грчкиот јазик но ја имаат во македонскиот. На пример: Афродита значи дете излезено од афра (морска пена). И навистина во нејзиното име можат да се распознаат зборовите афро и дите (дете). Понатаму, Атина е ист збор со македонскиот збор атина (чија етимологија еонаа што му припаѓа на својот ата, татко). И навистина се знае дека оваа божица излегла од главата на својот татко Зевс. И во името на богот на морето Посејдон се распознават македонските зборови посед и дон (дно), што значи тој што го поседува дното. Слично е и со името на Аполон во кое е застапен зборот поло (половина), а се знае дека Аполон бил близнак (половина) со својата сестра Артемида. Во името на Зевс, Белчев смета дека е содржана именката звезда, а во името на Хера именката ера (што асоцира на вечност). Д-р Белчев дава и други вакви примери во неколкуте свои книги.
Поради илустрација, на најновите научни и стручни историјски трудови на д-р Ташко Белчев, ке се послужам со цитат од статијата на историчарот Тихомир Каранфилов, публикувана во Македонска нација од 26 Фебруари 2014, под наслов: Книга: Кралството на Славјаните , каде се објаснува дека таа книга досега била забранета за публикување, поради српско-грчко пријателство, кое датирало уште од создавањето на НФРЈугославија, но и дека д-р Белчев дава историјски точни објаснувања, преку еден од повекето цитати:
Д-р Белчев го зема цитатот од предговорот на Ф. Баришиќ во книгата на Мавро Орбин, Краљевство Словена, Београд 1968 год., стр. СХЧУШ-СХИХ. Што точно напишал српскиот историчар и византолог Ф. Баришиќ поради кој оваа книга била повлечена од продажба можеме да видиме во цитатот кое го дава Белчев. Еве што пишува Ф. Баришиќ:
Во една од стамболските библиотеки е сочуван документот за привилегиите што Александар Велики во дванаесте години на неговото владеење ги даваше на Илирите, што значи на благородните славјански народи. Тоа е потполно разбирливо, ако се земе предвид дека Македонците на Александар Велики всушност беа Славјани. Баришиќ тука ги има предвид германските етниколози и слависти кои денешните Славјани ги нарекуваат и Винди), зборуваа на истиот тој јазик на кој денеска зборуваат жителите на Македонија. Воопшто Македонците, Тракијците и Мезијците зборуваат на ист славјански јазик. Многу го сметаа Алсксандар Велики за Грк, но без основа. Причината на оваа грешка се состои во тоа што Грците кои што се бореа со источните народи беа најпознатиот народ во тогашната Европа, слично на денешните Грци и Турци што веруваат дека сите католички народи на Европа се Французи. Додека московски хроники категорички тврдат дека се Руси, т.е. московјани, бидејќи зборуваат на истиот тој јазик кој зборуваа и античките Македонци, кои покрај другите земји го владееја и Египет во 276 година.
Што се однесува до Илирите, тие беа најелитарните единици на римската војска, кои под водство на Велизар се бореа во Италија против Готите. Меѓу нив се истакнуваа Далматинците. Од нив потекнува и римскиот цезар Клаудиј. За Далматинците и други Илирци во пишуваните документи зборуваат Титус Ливиус, Велеј Патеркул, Секстус Руф, Светониј Транклин, Требалио Шолион, Флавике Бописк, Плимие, Биондо и Сабелико, а од грчките писатели Полибие, Дион од Никеи, Плутарх, Алијан од Александрија, Среабон, Зосим, Георги Кедрон, Никифор Калист, Зонара и Лаолик Калкокондул.
После изнесените факти, од забранетата книга на Орбини во која се изнесува вистинската историја на македонскиот народ, дека бил дел од славјаните, кои живееле 10-12 Иљади години, пред новата ера, авторот на статијата Тихомир Каранфилов, во својата статија во Македонска нација го дава следниот закључок, што е важен за сите тие кои несе национално осознаени:
Треба ли и денес да се забранува да се говори за Орбини или пак треба да се отвори дебата за забранетата историја на македонскиот народ. Сеж додека се молчи за овие факти, Атина има слободен простор да ја узурпира македонската историја.Тие се херои.

 

 

 

БЕЗ МАСОВНО ГЛАСАЊЕ НА ИСЕЛЕНИШТВОТО НЕМА СТАБИЛНОСТ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

13.02.2014 година

Пишува: Јанко ТОМОВ

Деновиве сме сведоци на предизвици за озбилни, ако не на многу проблематични, одлуки. Едните се за редовните Претседателски избори, во Република Македонија и вторите предизвици се за предвремени Парламентарни избори, заедно со претседателските.
Државната изборна Комисија (ДИК), дава оглас дека и дијаспората ќе гласа во изборните единици 7, 8 и 9, еден ден пред одржувањето на изборите во Македонија, на 12-ти април. Во избирачкиот список се означени со звездичка 68.000 Македонски граѓани кои би требало да гласаат од странство.



 

 

 

Чесните светски и Американски дипломати почнуваат да го бранат македонското име

04.02.2014 година

Пишува: Јанко ТОМОВ
Едбвард Џозеф: . Сите што следат знаат дека состојбата во Грција економски се уште е многу лоша, акутна, но не е толку лоша колку што беше. Самата Атина пред Тројката инсистира дека најлошото поминало и има позитивен раст. Затоа паничниот аргумент со кој бараат да не се допира ова прашање веќе не поминува. Патот напред е многу едноставен, преговарачот на Обединетите нации да подготви конечен предлог, Вашингтон да се консултира со клучните сојузници и да каже, што е многу, многу е, мораме да го решиме овој проблем. Искажано на конференцијата во Минхен, на 2 Февруари 2014 година.
Пример е деновиве, со изјавите на преставник на Руската федерација, дека не ги спречува поранешните Источно-европски држави, кои беа во рамките на Варшавскиот пакт во состав на бивша СССР (Комунистичка Русија) за да своеволно бидат членови на Европската Унија, а воедно да бидат пријатели, во повекето свери од модерниот живот, со другите земји во светот, а и со Русија. Тоа е истакнато од преставник на Русија на конференцијата на четворката, на 50-та Минхенска безбедносна конференција на која биле присатни над 300 лидери и експерти од светот, каде се водат преговори и договарања за политичка безбедност-сочувување на мирот и безбедноста на глобално ниво, во Минхен Германија, на 1 и 2 Фебруари 2014.

 

 

 

ДЕЧИЊАТА И ХРИСТОС...

24.01.2014 година

Ако некој знае дефиниција за радост нека напише...Јас нема да се трудам туку само ке ги гледам сликите ке се радувам и ке му благодарам на Господа ,бидејки ни дарува убави нешта и не води кон мирен живот.Изминатиот месец имавме многу празни...ци и свечености а и многу верен народ.Но она кое што ме радува мене е присуството на младите во храмот Божји,а најповеке на дечињата.Па има ли некој што не воскликнува и не е срекен?!!!Благодат е храмот да биде исполнет со деца ,кои се придружувани од нивните родители и од нивните баби и дедовци.Се врака насмевката на најстарите кога ги гледаат дечињата околу свештеникот,кога ги гледаат како се крстат,молат и се дружат мегу себе.Господ Исус Христос рекол-оставете ги децата да доагаат кај Мене...Од мали нозе дечињара ке научат њто е љубов кон Бога,кон ближните кон родителите и кон целото општество.Само со Христос во нивните срца сите ке бидат и добри и вредни ученици и другари и внуци ....Децата не смееме сами да ги оставиме да го бараат Христос.Родителите прво дома а потоа и свештеникот треба да ги поучуваат.Токму и тоа го сакам и тоа ке ми биде задача.Но нема да се задоволиме само ако храмот е полн со деца и ако тие се присутни само механички таму.Продолжуваме и тоа уште посилно и поорганизирано.Во духот на нашата вера ке ги поучувам дечињата и ке почнат и тие да учествуваат на св.Литургија помагајки ми мене.Ке носат во рацете икони,свеки кадилница,поголемите и ке читаат на богослуженијата.Ке создадеме училиште за ВЕРОНАУКА,ЛИТЕРАТУРНА СЕКЦИЈА,СПОРТСКА,МЛАДИНСКА,ЛИКОВНА,МУЗИЧКА и сл.Ке создадеме и ФОЛКЛОРНА ГРУПА -во која ке си ги покажеме и играчките способности.Се што е корисно се ни е дозволено...Но САМ НЕ МОЖАМ,НЕ ,НЕ ,НИКАКО...Тука сте ми потребни сите вие постарите, родителите и бабите и дедовците.Не го штедете вашето време ниту пак барајте изговор дека времето ви фали.Секоја идеја е добредојдена-ВЕ ОЧЕКУВАМ !!!

Ваш во Христа свештенослужител - Отец Душко .

 

 

 

Заедно сме многу, заедно сме посилни

22.01.2014 година

Гордана Димовска

Токму во овие клучни моменти Македонците во целиот свет да покажат најголема солидарност и единство и да излезат на гласање затоа што заслужуваат да го искористат тоа право кое им е загарантирано со Уставот и никој не смее да им го ускратува или уценува.

Од 1 септември 2009 година,почнаа да важат измените во Законот за избори со кој Македонците кои живеат надвор од границите на Македонија се здобија со право да гласаат на претседателските избори и избор на пратеници. Со ова, Владата на Република Македонија исполни уште едно изборно ветување, и одговори на долгогодишните повици од дијаспората да се вклучат во политичкиот живот и придонесат со свои ставови, идеи, предлози. Уште еден чекор напред кон зајакнување на врските со татковината кои треба да резултираат со поголеми успеси во однос на полесно регулирање на правниот легитимитет во матичната земја, свеста за национална припадност , развивање на заеднички проекти , вклучување на иселеници кои неуморно работаат во областа на културата, науката, историјата, за интересите на Македонија. Сето тоа би допринело да се промени многу во начинот на кој досега се гледа на Македонците иселеници и начинот на кој тие ги гледаат случувањата во Македонија , начинот на размислувањето, пристапите и свеста за зачувување на националните интереси .

 

 

 

Дали постои мајка?

13.01.2014 година

Животот во матката или тој пред раѓањето кога и неверувавме дека постои постутерин живот и мајка која ќе продолжи после раѓањето да се грижи за нас, беше прекинат без да бидиме прашани.

Папочната врвца се замени со друга форма на животно функционирање. Не верувавме во мајка тогаш, но ги примавме сите животни импулси од неа, кревки во нашето постоење со опасност да бидиме удавени од животната врвца. Смртта не демнеше од тоа што ни даваше живот.

Му се радуваме на Божик. Го немаме искуството но знаеме дека треба да ги избегнуваме гревовоите. Средбата со Господ и нашата поврзаност со него преку светлината не е одредено од тоа дали веруваме или не во нешто што се вика вселенски или вонземен живот.

Во оваа нова мајкина матка сме соочени со различни ризици. Се тестира нашата кондиција да ги издржиме сите ајкулини напади знаејќи дека и тие имаат слаби места во мислата дека дното на океанот австралиски е нивна земја.

 

 

 

Драги Македонци и Македонски пријатели,

26.12.2013 година

И по овој декемвриски неуспех, на поголемиот дел на недостојните лидери на ЕУ, нашата борба продолжува. Подржувајте го премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов, во државничката и дипломатска активност и политика према ЕУ, НАТО, ООН и големите и мали светски сили, за сочувуванје на нашето свето име МАКЕДОНЦИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Историските факти прикажани од големата Македонска историчарка г-ѓа Ангелина МАРКУС, во двете статии, кои ги приложувам, ВЕ МОЛАМ во име на иселеништвото, да ги преведите на Англиски, Германски, Руски, Француски, Јапонски, Кинески и други светски јазици, кои ги користите во вашиот живот, за да ги врачувате или испракате на ваши членови на парламентите, политичарите, дипломатите, професорите и деканите на катедрите по историја, библиотеките и други институции, каде заседаваат и дискутираат вашата интелигенцијата-преставници на вашите нови татковини. ЧЕСТИТ БОЖИК И НОВА 2014 ГОДИНА
Јанко Томов

Среда, 18 Декември 2013, читајте ја Македонска нација и пракајте ваши досега непознати факти за македонците и за македонија

Потекло (етногенезата) на древните Македонци

Божјите Синови: Озирис, Дионис , Македон, Херакле и Александар од Мисир и Македонија

Ние Македонците сме најстариот народ во денешна Европа. Погледнете во Библијата Македонија е 38 пати е спомната, додека сите други денешни држави ги нема затоа што се вештачки творби и политички опции на Европа. На македонската денешна почва се најдени карпи, пештери, надгробни споменици и записи од македонско писмо старо 13000 години. Ние ќе зборуваме за нивното постоење и живеење на овие простори, кое датира уште повеќе илјадници години. Кога се зборува за Македонија не може да се мисли на денешна Македонија, која ни ја оставиле големите сили само на 150 километри, без море, иако таа се протегаше на 5 мориња. Тогаш македонските племиња го населувале целото Средоземно Море, па и подалеку. Македонците припаѓаат на семејството Македонско-индиските народи денеска наречени Индо-европски народи. Меѓутоа се знае оти имињата на денешните континенти се од поново време. Тогаш ги прашувам историчарите како се викала Европа пред тоа? Се разбира - Македонија.

Зборот Македон е од македонско потекло и етмолошки е составен од два збора Маке-дон што се толкува Ма е господарот или газдата или Богот.

Македонскиот Митолошки Систем


Митологијата во себе носи прафилозовски и пранаучен исконски облик на уметничко создавање. Митовите се она првобитното, народното раскажување од колено на колено низ генерации, која во себе содржи и дел од фантазијата на македонскиот народ. Се знае оти митологијата на балканските простори е вткаена во светлоста на македонската митологија. Меѓутоа, таа претставува огромно наследство не само на античките Македонци, туку и на сиот медитерански свет и на југоисточна денешна Европа. Судејќи според археолошките остатоци на македонската почва, посебно од матерјалната култура, од ликовната уметност и митологијата, древна Македонија имала значаен и единствен, самостоен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историски, книжевни и антрополошки елементи, кои можат топографски да се лоцираат на географските простори на целата нејзина територија мислам на онаа Македонија од денешна Шпанија до Индија.



Врз основа од античката литература постојат две верзии на преданија за Македонците и нивните родоначалници. Нашите Македонци, културно просветни прадедовци имале развиено голема култура околу Јонското, Јадранското, Средоземното и Црното Море. Градот Илион (Троја) бил нивниот капитален град. Македонската митологија раскажува оти Македонскиот крал ЗЕВС имал повеќе синови и тој територијата ја поделил меѓу нив. Ние ќе обрнеме внимание на двајцата синовин, едниот син се викал МАКЕДОН, а другиот ПЕРСЕЈ. Младиот принц Македон станал крал на целата медитеранска област која по него е наречена Македонија, а неговиот брат Персеј живеел и станал Крал во денешна Мала Азија и по него е наречена ПЕРСИЈА. Потомците на Македон се нарекле Македонци. Потомците на Персеј по него се нарекле Персијанци. Ова е митолошка верзија за постанакот на народите и светот.



Раскажувањата за Македон кој е родоначалник на Македонците, се дека тие за време на својата експанзија на Балканот формирале 12 племиња: Илири, Агријани, Дардани, Трибали, Моези, Одризи, Траки, Халкиди, Пеони, Линкести, Орести и Малеси..По нив се наречени 12 македонски провинции каде тие живееле: Илирија, Агријаниа, Дарданија, Трибалија, Одризија, Тракија, Халкидикија, Пеонија, Линкестија, Орестија, Малесија. Антиката во споредба со останатите периоди од светската историја е богата со митски настани, полни со фантазија во огромна мера. Тоа се гледа и во обидот идеолошки да се објасни зошто Александар тргнува да оди по царскиот пат на верска научна експедиција сеж до Индија, по истиот пат, по кој веќе го поминале Озирис, Дионис, Македон и Херакле.

Веќе во првите години на Птоломејското царство била создадена смела тенденција да се овековечи на монети сликата на Александар (слика 1). Целта на Птоломеите била да се соединат историјата на Мисир (Египет) и на Македонија со доминација на Македонците. Ова било поврзано со походот на Александар, кој бил споредуван со историјата на големиот мисирски бог Озирис (слика 2). Озирис наводно бил првиот кој дошол во Индија, ја култивирал земјата и одел на лов на слонови. Потоа се вратил во Мисир (Египет), при што поминал низ Македонија, каде сретнал еден владетел по име Македон и го востоличил за крал. Мисирскиот бог и самиот бил првобитен крал на Мисир и господар на подземјето. Значи, според ова верување, тој бил озаконувач и спиритус ректор на македонското владеење.


Среда, 18 Декември 2013

Родословието од Филип Втори до Персеј

Ангелина Маркус


Личноста и борбите на Филип Петти

Македонската династија не се распаднала по 332 г. пред Христа, туку се зацврстила и проширила. Сите Филипови и Александрови генерали за да станат царски владетели се женеле со македонските принцези.

Така Птоломеј Лаг се оженил со Арсина Прва, братучетка на Филип Втори; Лизимах се оженил со Арсина Втора; Антиох Втори се оженил со Береника; на Клеопатра Петта, наследници иж се Птоломеј Петти и Антиох Осми до Антиох Десетти, Клеопатра Седма сама изјавила дека води потекло од Александар Македонски... Селена, ќерката на Антонио и Клеопатра Седма се омажила со Јуба Втори од Мавританија и им се родил син Птоломеј Први. Антипатар, Филиповиот генерал бил ополномоштен да управува со Македонија од страна на Александар и да го чува царското семејство. Сета таа замена достојно била извршена до крајот на неговиот живот. Антипатар е интересен по уште еден податок со тоа што имал 12 деца со вкрстена царска крв. Касандар се оженил со Тесалоника сестрата на Александар Македонски и имале три сина, царски наследници, Филип Четврти, Антипатар Први и Александар Петти.

Антигона се омажила со принцот Александар Линк. Фила Прва се омажила со Кратер. Нивните синови Кратер и Александар управувале со Коринт. Антигона ќерката на Береника Прва се омажила за Филип, синот на Антипатар и со него имала ќерка Антигона мажена за Пир Први. Се здобила со право да владее со Македонија како негов наследник преку Клеопатра и Александар од Епир. Нивната друга ќерка Алама имала ќерка Береника Втора која била омажена со Птоломеј Втори. Ника Прва била мажена за Лизимах.

Царското потекло на Филип Петти и Персеј поврзано е со сите други династии преку брачни врски од сите македонски држави во Епир, Египет, Антиохија, Сирија, Тракија... и други области до Сиракуза, Мавританија итн. Димитар Први оженет со Дејданија, сестра на Пир Први и Фила од Антипатар, син Антигон Гонат, внук, Димитар Втори оженет со Фтија, внука на Пир и ќерка на Александар и Олимпија.

Филип Петти син на Димитар Втори и Фтија оженет со Поликратија имал син Персеј и Димитар од друга жена. Персеј оженет со Лаодика Петта, ќерката на Селевк Четврти со трите деца, синовите Филип, Александар и ќерката Лариса. Така се движело родословието од Филип Втори до Персеј.

Димитар Втори, Филип Петти, Персеј и други, имале и други жени и деца со нив што исто така се дел од царските семејства.

Така Димитар Први од Фила, со ќерката на Антипатар имал син Антигон Гонат, ќерка Стратоника како и деца од други бракови и вонбрачни.

Ако се погледаат женските имиња како совладетелки или царски ќерки ќе наидеме на нивен голем број во наследниот ред. Тоа се Клеопатра, Олимпија, Тесалоника, Арсиноа, Лаодика, Береника, Фтија, Ника, Евридика, Антигона и други.

Активностите на Филип Петти во очувување на македонската држава се должеле и на роднинските врски со сите царски семејства. Филип Петти роден 238 г. пред Христа живеел 59 години, владеел 41 година од 221 до 179 г. пред Христа. Во 229 година умира татко му Димитар Втори и за регент го добива Антигон Досон по чија смрт малолетниот Филип Петти добива нови старатели, но само по една година во 220 г. пред Христа го презема престолот што му припаѓал по наследство со полнолетството. Филип Пети ја наследил македонската држава и бил подготвен да ги совлада сите проблеми со владеењето на таква држава каква што била Македонија во тоа време, на крајот на ИИИ и почетокот на ИИ век пред Христа.

Според добро познатата литература од Плиние, Диодор, Јустин, Плутарх и особено Полибие, за времето на владеењето на Филип Петти, таткото и синот Персеј, познати се и проучени сите факти за состојбите на македонските држави и царства и нивната поврзаност преку сојузи, војни и римската сепарација. Најдобро е да ги споменеме хронолошки некои од настаните значајни за македонската историја од тоа време сврзани со 40 годишното владеење на Филип Петти за да можеме да го објасниме и владеењето на Персеј. Тој не треба да се нарекува последниот цар на Македонија затоа што царската лоза на Македонците продолжува уште долго во сите наследни династии, според листите на владеење на македонските држави и земји:

- Во 240 г. пр. Хр. Димитар Втори го наследува Антигон Гонат, се жени со Фтија и се склучува сојуз меѓу Македонија и Епир.

- Во 239 г. пр. Хр. Димитар Втори војува против Ахеја и Етолија. Во 238/7 г. пр. Хр. се родил Персеј.

- Во 236 г. пр. Хр. Димитар Втори ја освојува Беотија.

- Во 231 г. пр. Хр. Димитар Втори војува со Дарданците.

- Во 229 г. пр. Хр. умира Димитар Втори, а Антигон Досон е старател на Филип Петти, и само за една година ги изгубил сите територии што ги освоил Димитар Втори.

- Во 227 г. пр. Хр. Антигон Дисон како крал на Македонија презема поход во Карија, продира во Пелопонез и ги поразува Илирите. Умира во 221 г. пред Христа и Филип Петти добива нови старатели за само една година.

- Во 220 г. пр. Хр. Филип Петти со полнолетството станува цар на Македонија. Истата година продира во Дарданија и Лаконија.

- Во 218 г. пр. Хр. Филип Петти продира на Пелопонез, врши поморска офанзива и ја освојува Етолија.

- Во 217 г. пр. Хр. ја освоил Билазора, и направил договор со Ханибал.

- Во 215 г. пр. Хр. сојуз на Македонија и Картагина.

- Во 213 г. пр. Хр. се раѓа Персеј.

- Во 212 г. пр. Хр. Филип Петти ги окупира Лис и Скадар.

- Во 210 г. пр. Хр. Рим ги контролира Термопилите.

- Во 209 г. пр. Хр. Дарданците навлегуваат во Македонија.

- Во 208 г. пр. Хр. со помош на Картагинската флота, Филип Петти го контролира Пелопонез, за една година ја освојува Амбракија и ја разорува Етолија.

- Во 206 г. пр. Хр. Рим и Етолија навлегуваат во Амбракија, Филип Петти ги враќа со сепаратен мир.

- Во 204 г. пр. Хр. Филип Петти ги поразува Дарданците.

- Во 203 г. пр. Хр. прави сојуз со Антиох Велики и ја обновува флотата.

- Во 200 г. пр. Хр. Римски пратеници пристигаат во Атина со која Филип Петти војува. Римјаните навлегуваат во Илирија и ја пустошат Западна Македонија.

- Во 198 г. пр. Хр. Ахејската лига се приклучува кон Рим, битка кај Киноскофолос и мир.

- Во 196 г. пр. Хр. Антиох Велики не ги прима римсикте пратеници и Ханибал му се приклучува - во 195 г. пр. Хр. Рим се повлекува од Ахеја.

- Во 193 г. пр. Хр. Рим и Антиох Велики преговараат, мирот мегу Филип Петти и Ханибал и Антиох трае.

- Во 192 г. пр. Хр. Етолците го повикуваат Антиох Велики, тој се истоварува и ги загрозува државичките за потоа да се повлече во Ефес.

- Во 191 г. пр. Хр. Филип Петти од Римјаните добива територии за поддршка.

Последните три години Рим се ориентирал повеќе кон Азија. Етолија и Рим склучуваат взаемен мир. Македонија економски јакне.

- Во 185 г. пр. Хр. римски пратеници во Македонија покажуваат наклоност кон Димитар наместо кон таткото Филип Петти при што доаѓа до конфликт помеѓу браќата Персеј и Димитар...

- Во 181 г. пр. Хр. Филип Петти во Тракија.

- Во 179 г. пр. Хр. умира Филип Петти. Една година пред тоа, Димитар синот на Филип

Петти кој е миленик на Римјаните со што се прави еден вид раздор меѓу Македонците затоа што се зголемува римскиот притисок од внатре и слабеат македонските сојузи.

Од редоследот на настаните се гледа бурниот живот на Филип Петти, кој не проживеал ниту една мирна година. Судирите, победите, сојузите и борбите за териториите во целост наликуваат на борбениот живот на Филип Втори. Сличен е животот и на сите останати македонски владетели. Таков е, ако не и потрагичен, и животот на Персеј, кој што власта ја наследи во 179 г. пр. Хр.